Дома Останати Кошарка Видео: Хјустон ја елиминира Оклахома, брејк на Јута

Видео: Хјустон ја елиминира Оклахома, брејк на Јута

Хјустон е вториот тим од Западот кој избори пласман во конференциското полуфинале, откако успеа во пет натпревари да ја елиминира Оклахома. Во преостанатите две серии ќе се игра најмалку уште еден натпревар откако Јута и Сан Антонио поведоа со 3-2 против ЛА Клиперс 3-2, односно Мемфис.

Хјустон, со вкупни 4-1 ја елиминира Оклахома. Кошаркарите на Мајк Дантони во петтиот меч славеа со 105:99. Победникот го предводеше Џејмс Харден со 34 поени и осум скокови, но со лоша реализација од поле, тој погоди шест од 12-те обиди за два, а постигна само две тројки од 13 обиди.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На спротивната страна Расел Вестбрук беше на чекор до нов трипл-дабл, мечот го заврши со 47 поени, 11 скокови и девет асистенции.

Хјустон во полуфиналето на Западот ќе игра против победникот од серијата помеѓу Сан Антонио и Мемфис.

Спарси водат 3-2, откако изминатата ноќ славеа со 116:103. Домаќинот клучната предност ја направи во втората и третата четвртина. До победата Спарси ги предводеше Каваи Ленард со 28 поени, а одличен беше и Пети Милс кој постигна 20 кошеви.

Јута направи нов брек во Лос Анџелес против Клиперси за водство во серијата 3-2. Јута славеше над Клиперси 96:92.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Како Димитријевиќ го полнеше кошот на Литванците: Сите 43 поени на Нено во едно видео 🎥

Maкедонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра фантастичен натпревар против Литванија во …