Дома Останати Видео: Тимот на Европа го освои „Лејвер купот“

Видео: Тимот на Европа го освои „Лејвер купот“

Тимот од од европски тенисери го освои трофејот во „Лејвер купот“, откако го победи тимот на Светот со 13:8. Предноста од пет победи е недостижна па затоа мечевите предвидени за денеска се откажани.

После два дена натпреварување, во кои за победа се добиваше по два бода, европските тенисери водеа со 7:5, а потоа на ред дојдоа завршните борби кои на победниците им донесуваа по три поени.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во еден возбудлив меч, Федерер славеше против Џон Изнер со 6:7, 7:6, 10:7, а подоцна Зверев со 6:7, 7:5, 10:7 беше подобар од Кевин Андерсон.

„Лејвер куп“ е ревијално натпреварување на кое настапуваа голем број тениски ѕвезди. Во Чикаго се појавија Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ, Кевин Андерсон, Џон изнер, Давид Гофан, Александар Зверев…

„Сакам да оддадам признание на сите играчи кои настапија на ова натпреварување. Ми беше задоволство да сум дел од овој настан“, изјави Ѓоковиќ.

Покрај Србинот за тимот на Европа играа и: Федерер, Гофан, Григор Димитров, Кајл Едмунд и Жереми Шарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ се искачи на четвртото место, Алкараз го презеде врвот од Синер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше за едно место и на денес објавената АТП-листа с…