Дома Фудбал Англија Видео: Срамен потег или случајност? – Ерера го плукна грбот на Манчестер Сити!

Видео: Срамен потег или случајност? – Ерера го плукна грбот на Манчестер Сити!

Во викендот кој е зад нас беше одиграни големото градско дерби помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед во кое „ѓаволите“ со пресврт од 2:0, до 2:3 стигнаа до победата.

На оваа средба потег кој предизвика огромен број коментари во фудбалската јавност направи фудбалерот од средината на „ѓаволите“ Андер Ерера.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Играчот за врска на „ѓаволите“ по првите 45 минути додека одеше кон соблекувалната го плукна грбот на Манчестер Сити.

По повод овој инцидент се огласија и од Манчестер Јунајтед.

„Андер ја погледна снимката и е навистина разочаран од тоа што некои луѓе сметаат дека тоа го направил со намера. Сетоа беше само случајност, немаше никаква намера“, соопштија од Јунајтед.

Сепак, фановите на Твитер не сметаат така, а еден од твитовите гласеше: Треба да добие биста пред „Олд Трафорд“!

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ромеро без милост кон управата на Тотенхем: Се појавуваат само кога оди добро

Тотенхем има уште една разочарувачка сезона и моментално се наоѓа на 14. место во Премиер …