Дома Останати (Видео) Свирежи од трибините – Болт поразен во последната трка!

(Видео) Свирежи од трибините – Болт поразен во последната трка!

Џастин Гетлин беше побрз од Усеин Болт во финалето на 100 метри на Светското превнество во Лондон.

Целиот свет беше подготвен да го испрати Болт во пензија со златен медал од Лондон, но Џастин Гетлин го расипа очекуваното шоу.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Ниту свирежите од трибините не го спречија Гетлин да биде најбрз, тој целта ја мина за 9.92, зад него беше 21 годишниот Крис Колмен со време 9.94, а човекот кој се очекуваше вечерва да слави заврши на третата позиција со време 9.95.

Сепак, на крајот и покрај победата после трката Усеин Болт беше во центарот на вниманието. Болт како голем спортист на крајот пријде и му честиташе на Гетлин кој се поклони пред најголемиот на сите времиња.

Во продолжение погледнете ја последната трка на Болт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…