Дома Останати Тенис Федерер му одржа лекција на Ѓоковиќ за полуфинале во Лондон

Федерер му одржа лекција на Ѓоковиќ за полуфинале во Лондон

Роџер Федерер се пласираше во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон откако со 2:0 (6:4, 6:3) го победи Новак Ѓоковиќ.

Иако има 38 години Федерер со уште еден неверојатен настап покажа дека може да прикажува настапи на највисоко ниво. Швајцарецот фуриозно влезе во мечот, а веќе во првиот гем пропушти брејк топка. Наредната брејк топка ја имаше во третиот гем и веднаш ја искористи. На свој сервис беше сигурен и првиот сет рутински го приведе кон крај за 6:4.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Вториот сет започна со брејк топки за Федерер кои Ѓоковиќ повторно ги одбрани. Во четвртиот гем српскиот тенисер имаше една брејк прилика, но не ја искористи.

Клучниот гем во вториот сет беше петтиот кога Федерер направи брејк и поведе со 3:2 и во наредниот гем го потврди на свој сервис. Во деветтиот гем Швајцарецот направи уште еден брејк за 6:3 и конечна победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Агаси го „отпиша“ Србинот за следната сезона: Мислам дека Ѓоковиќ ќе остане без енергија

Новак Ѓоковиќ ќе ја започне новата сезона со учество во Бризбејн (30 декември – 6 ја…