Дома Фудбал Останато Видео: Рома го победи Тотенхем, првенец на „турскиот Дибала“

Видео: Рома го победи Тотенхем, првенец на „турскиот Дибала“

Рома го совлада Тотенхем 3:2 во пријателски натпревар кој се одигра во Њу Џерси.

Натпреварот беше решен во трилер-завршница, три гола беа постигнати во последните три минути, од кои два во судиското надополнување на времето.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Рома одлично почна и поведе со голот на Пероти од пенал во 23 минута. Потоа беше мирно се до 70 минута, кога новото засилување Ундер зголеми на 2:0.

Сепак, Тотенхем не се предаде. Во 87 минута со голот на Винкс намали на 1:2, а во судиското надополнување, благодарение на погодокот на Јансен израмни на 2:2. Рома успеа да ја однесе победата во 92 минута кога конечниот резултат го постави Туминељо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Икарди бесен поради последната фотографија на Ванда Нара

Ванда Нара повторно ја возбуди јавноста, но исто така го предизвика бесот на поранешниот с…