Во дербито на деветото коло од шпанската Ла Лига Барселона пред своите навивачи славеше победа против Севиља со резултат 4:2.
Каталонскиот клуб после четири натпревари во кој беше без победа во шпанското првенство конечно успеа да слави и тоа против Севиља со 4:2. Сепак, натпреварот на „Камп Ноу“ беше обележан со повредата на Лионел Меси кој мораше да биде заменет во првите 45 минути.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
До крајот на натпреварот Севиља имаше поголем посед на топка, но тоа не им беше од преголема корист бидејќи Барса ги освои трите бода. Четвртиот гол за
Каталонците го постигна Хрватот, Иван Ракитиќ кој во Барселона пристигна токму од Севиља.
Ова не е прв пат Ракитиќ да постигнува гол против својот поранешен тим, но повторно покажа дека е оглем професионалец бидејќи не сакаше да го прослави погодокот.
Тоа навивачите на Севиља исклучително го ценат и тој е еден од ретките кој е дочекуван со аплаузи со што не можат да се пофалат: Рамос, Дани Алвес…
buongiorno con il mio uomo che non mi delude mai e che mi fa sborrare con i suoi meravigliosi goal.@ivanrakitic pic.twitter.com/fgMRiIEZdu
— vozis (@mandvzukic) October 21, 2018