Дома Фудбал Англија Видео: Преседан во Премиер лигата, нема повеќе симулирање!

Видео: Преседан во Премиер лигата, нема повеќе симулирање!

Во англиската Премиер лига до денес не се случило ниту еден фудбалер да биде суспендиран поради симулирање, а токму таква казна сега доби напаѓачот на Евертон.

Сенегалецот кој има 27 години, Оумар Ниас, доби два натпревари суспензија бидејќи во шестата минута од натпреварот помеѓу Кристал Палас и Евертон одглуми контакт во шеснаесетникот на домаќините и изнуди пенал за својот тим.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ниас влезе во казнетиот простор на Палас, а централниот дефанзивец Дан тргна во тој дуел после што напаѓачот на Евертон се „фрли“ на тревата и го измами главниот судија Тејлор кој покажа на белата точка.

Дисциплинската комисија на ФА донесе одлука Оумар Ниас да добие суспензија од два натпревари. Таа одлука беше донесена откако комисијата ја прегледа повторената снимка.

Ниас има право на жалба, а доколку англискиот сојуз не го помилува ќе ги пропушти натпреварите против Саутемптон и Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …