ФРАНЦИЈА на неверојатен начин го доби финалето на Европското првенство во ракомет.
Шведска беше на прагот на победата, на 30 секунди до крајот водеа со два разлика, но Французите успеаја да добијат продолженија во кои на крајот победија со 34:30.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како дојде до продолженија? На половина минута до крајот Јанис Лен погоди за -1, на другата страна направи чекори Џим Готфридсон, а во последниот напад Франција успеа само да добие фаул на десетина метри од голот.
Исклучително ретко се постигнува гол од такви ситуации, но ова беше една од оние ретки прилики.
Елохим Пранди со неверојатен удар го совлада живиот ѕид на Шведска и голманот Андреас Паличка и го одведе натпреварот во продолжение, во кое Шведска не можеше да се опорави од шокот.
ELOHIM PRANDI SENDS US INTO EXTRA TIME 🤯🤯🤯#ehfeuro2024 #heretoplay #FRASWE pic.twitter.com/NJRaVdZyLc
— EHF EURO (@EHFEURO) January 26, 2024
Can you believe what just happened? 😱😱#ehfeuro2024 #heretoplay #FRASWE pic.twitter.com/E4qzcY4jNT
— EHF EURO (@EHFEURO) January 26, 2024