Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во спектакуларен натпревар против Вулверхемптон славеа со 4:3.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед одлично го отворија овој натпревар и веќе по пет минути игра имаа предност од 1:0, а стрелец на голот беше Рашфорд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По асистенција за првиот гол, Хојлунд успеа да се запише во листата на стрелците во 22. минута.
До 71. минута Манчестер Јунајтед имаше предност од 2:0, а потоа Сарабија од пенал намали на 2:1.
Среќата на навивачите на Вулверхемптон беше краткотрајна бидејќи во 75. Мектоминај, кој влезе во игра само две минути порано, постигна гол за 3:1.
Килман во 85. минута намали на 3:2 и со тоа направи вистинска драма на оваа средба, но натпреварот заврши со победа на гостите.
Вистинската драма следеше во судиското надополнување, сето тоа благодарение на неверојатната глупост на Антони, кој по овој меч сигурно ќе биде на удар на навивачите.
Манчестер Јунајтед прими гол во 94. минута, а стрелец беше Педро Нето. Ниту тука не заврши возбудата.
Конечниот резултат од 4:3 го постави тинејџерот на „Црвените ѓаволи“ Мeјно на спектакуларен начин во 97. минута од натпреварот. Неговиот гол погледнете го ТУКА.
По победата на гостувањето кај Вулверхемптон, тимот на Манчестер Јунајтед сега се наоѓа на седмото место на табелата со 35 бодови.
Петтото место кое води во Лига Европа им заостанува осум бода, исто како и четвртото место и настапот во Лигата на шампионите.