Фаворитите имаа успешна вечер во Лигата на шампиони и остварија значајни победи кои ги доближија до нокаут фазата.
Јувентус речиси 40 минути играше со фудбалер помалку на гостувањето кај Лион но на крајот си замина дома со трите бода, пред се благодарение на извонредниот Буфон.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Искусниот голман најпрвин во првото полувреме му одбрани пенал на Лаказет, на стартот од вториот дел со извонредна рефлексна интервенција повторно спречи водство на Лион, овозможувајќи му на Квардадо потоа да го постигне голот за победа.
Во вториот натпревар од оваа група Севиља рутински го совлада Динамо во Загреб со голот на Самир Насри.
Лестер со гол на Марез во 40 минута го победи ФК Копнехаген и го продолжи настапот од соништата во Лигата на шмпионите, со три триумфи од три натпревари.
Реал Мадрид очекувано лесно со 5-1 ја совлада Легија. По еден гол постигнаа Бејл, Асенсио, Лукас и Мората, а еден беше автогол на Јодлевец по шут на Марсело.
Идентични гостински победи остварија Порто и Борусија Дортмунд победувајќи со 1:2 против Бриж односно Спортинг Лисабон.
Без победник завршија двете средби од групата Е каде Леверкузен и Тотенхем одиграа без голови, додека ЦСКА и Монако одиграа 1:1.