Дома Фудбал Италија Видео: Несто-гол не запира, но Милан и Јуве исто така!

Видео: Несто-гол не запира, но Милан и Јуве исто така!

Илија Несторовски ја продолжи одличната серија и против екипата на Милан, но „росонерите“ славеа на „Ренцо Барбера“. Јувентус рутински против Киево.

Палермо запиша уште еден пораз пред своите гледачи, овој пат од Милан со 1-2. Резултатот го отвори Сусо во 15-та минута. Надежта на домаќините ја врати нашиот Несторовски со гол во 71-та минута, но „росонерите“ стигнаа до триумф со голот на Лападула во 82-та минута.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Јувентус освои три нови бода и се зацврсти на врвот во Серија А откако со 2-1 победи на гостувањето кај Киево.

Мрежите мируваа до 53 минута кога Манџукиќ погоди за водство на Јуве од 1-0, во 66 Пелисие изедначи на 1-1, а Пјаниќ на 15 минути до крајот носи победа од 2-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе на чекор од рекордот на Роналдо

Килијан Мбапе, фудбалер на Реал Мадрид, успеа да постигне два гола во рамките на Купот на …