Наполи и Милан ги оправдаја фаворитските улоги во попладневните мечеви од 4-то коло во Серија А.
Милан на крилјата на новото засилување Никола Калиниќ го победи Удинезе 2:1.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Хрватот беше двоен стрелец, најпрво во 22-та минута ги донесе во водство „росонерите“. Гостите израмнија со голот на Лазања после катастрофалната грешка на Ромањоли во 28-та минута.
Сепак само три минути подоцна Калиниќ повторно погоди за водство од 2:1, а тоа на крајот се испостави како конечен резултат.
На натпреварот беа поништени два гола, по еден на двете страни, со помош на Видео-судијата.
Наполи го задржа максималниот ефект и со 6 гола во мрежата го нагости Беневенто.
Избраниците на Сари со погодоците на Алан, Инсиње, Каљехон и Мертенс сите дилеми околу победникот ги решија уште во првиот дел, а во вториот дел погодија Мертенс и Маџо.
На останатите средби Торино ремизираше против Сампдорија 2:2, додека Каљари победи на гостувањето кај СПАЛ со 2:0.