Дома Актуелно Видео: Навивачите на Ривер ги ограбуваа автомобилите пред Монументал

Видео: Навивачите на Ривер ги ограбуваа автомобилите пред Монументал

Финалниот натпревар во Копа Либертадорес помеѓу Ривер и Бока ќе се игра вечерва со почеток во 21 часот откако синоќа едноставно немаше услови натпреварот да се одигра.

Навивачите на Ривер два часа пред натпреварот ги нападнаа играчите на Бока, чиј автобус од непознати причини се најде на улицата каде беа лутите противници. Неколку играчи на Бока заработија повреди, а иако се обидеуваа со сите сили да се одигра натпреварот, на крајот тоа не беше возможно.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Навивачите на Ривер покажаа уште еднаш дека се големи фанатици, но овие работи повеќе на никој не му прават задоволство.

Додека некои навивачи и седум саати беа на стадионот и го чекаа натпреварот, криминалците искористија шанса да крадат. Група навивачи на Ривер ги ограби автомобилите околу Монументал, а еден од нив успеа да снима и објави на Твитер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…