Дома Фудбал Англија Видео: Мурињо испушти голема победа во последни секунди

Видео: Мурињо испушти голема победа во последни секунди

Дербито помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед ги оправда очекувањата, видовме многу возбудувања, четири гола и поделба на бодовите.

Рос Баркли со гол во последните секунди од мечот спречи големата понеда на Манчестер Јунајтед на „Стенфорд Бриџ“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Мечот започна одлично за домаќините кои дојдоа во водство во 21-та минута. Рудигер беше највисок после еден корнер и го совлада Де Геа.

Во второто полувреме Манчестер Јунајтед дојде до целосен пресврт со головите на Марсијал. Најпрво во 55-та минута Французинот погоди за 1:1, а преку еден контранапад во 73-та минута постигна гол за целосен пресврт.

Кога се чинеше дека „црвените ѓаволи“ ќе запишат голема победа и ќе ги освојат трите бода, во 96-та минута Рос Баркли погоди за конечни 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…