Алваро Мората е повреден и не игра месец дена, па слободното време сега го поминува во друштво со својата сопруга, Алис Кампело.
Мората не игра од 17. јануари поради повреда на грбот, а тренерот на „Сините“, Антонио Конте изјави дека враќањето на шпанскиот напаѓач нема да биде така брз и едноставен. И додека Конте зборува за лошата состојба на грбот на Мората, тој делува потполно добар во друштво на неговата сопруга, со кого најпрвин танцува, а потоа и ја крева на раце.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мората во Челзи пристигна од Реал Мадрид за 80 милиони евра, но навивачите сметаат дека постои причина зошто не игра и дека работата е во грбот. И додека некои сметаат дека лаже и дека едноставно не игра, другите се воодушевени од начинот на кој танцува со неговата сопруга. Секој тоа го доживува на свој начин…