Вечерва беше одиграно дербито на колото во италијанската Серија А за кое кога се головите во прашање не можеме да кажеме дека ги оправда очекувањата.
Интер и Милан вечерва одиграа натпревар кој беше одлучен во последните секунди. „Нероаѕурите“ кои пред оваа средба имаа серија од шест победи во низа подобро отворија и создаваа шанси пред голот на Донарума.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Нероаѕурите“ во првото полувреме и успеаа да ја затресат мрежата преку Мауро Икарди, но неговиот гол беше поништен поради офсајд позиција, условно кажано домаќинот на овој натпревар погоди и една статива.
Милан иако беше во подредена улога знаеше да се закани и тие ја погодија мрежата на противникот, сепак и тие поентираа од недозволена позиција, па Марко Гвида и овој пат реагираше.
Во вториот дел гледавме нешто посмирена игра, а моментот на одлука се случи во последните минути.
Матија Весино испрати центаршут, после кој Џанлуиџи Донарума направи катастрофална грешка и дозволи Икарди да ја постигне погодок кој значеше и три бода „нероаѕурите“.
Icardi goal 92nd minute!!! Inter 1-0 pic.twitter.com/MNcO8UCFnl
— Tommy Burlic (@Tommy_Burlic) October 21, 2018