Дома Фудбал Англија Видео: Ливерпул рутински до нова победа

Видео: Ливерпул рутински до нова победа

Четата на Јирген Клоп оствари уште една рутинска победа во Премиер лигата и е чекор поблеку до долгоочекуваната титула.

Овој пат на „Енфилд“ падна Шефилд Јунајтед. „Црвените“ фуриозно тргаа од самиот стар во првиот меч во новата година пред својата публика и стигнаа до водство уште во 4-та минута.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Робертсон одлично го проигра Салах, кој ја смести топката во голот. Само неколку минути подоцна Египќанецот имаше уште една одлична шанса, но голманот на гостите одлично интервенираше.

Во вториот дел Ливерпул рутински го одработи мечот. „Црвените“ доминираа, создаваа шанси, а во 64-та минута Мане погоди за 2:0, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Одлични вести за Флик: Падна важен потпис до 2030 година!

Францускиот дефанзивец Жил Кунде (26) го продолжи договорот со Барселона до 30 јуни 2030 г…