Синоќа во НБА лигата се одиграа четири натпревари, на кои Дероузан стигна до рекорд, а Лејкерси до седмиот пораз во низа.
Демар Дерозан го надмина Винс Картер и постави нов рекорд на франшизата по број на поени на еден натпревар, во синоќешната победа на Торонто над Милвоки со 131-127.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај 52 поена, Дерозан додаде и осум асистенции и пет скока, а голема поддршка имаше од Кајл Лаури со 26 поени и по шест скока и асистенции. Кај Милвоки толку постигна Јанис Адетокумбо, а Ерик Бледсо броеше до 29.
Минестота му го нанесе седмиот пораз во низа на Лејкерси 114:96 во незивесен натпревар. Тимбервулвс беа во потполна контрола на целиот меч, а нивната стартна петорка уште еднаш покажа дека оваа сезона ќе биде конкурентна на било кој друг тим од лигата.
Џими Батлер беше најефикасен на натпрерот со 28 поени и 9 асистенции, додека Карл Ентони Таунс забележа дабл-дабл со 16 поени и 13 скока. Кај Лејкерси најдобар поединец беше Џулиус Рендл со 15 поени и 12 скока.
Резултати:
Бруклин – Орландо 98:95
Торонто – Милвоки 131:127
Чикаго – Портланд 120:124
Минесота – ЛА Лејкерс 114:96