Дома Останати Кошарка НБА Видео: Леброн со нов трипл-дабл го предводеше Кливленд!

Видео: Леброн со нов трипл-дабл го предводеше Кливленд!

Кливленд ја забележа 18-та победа на последните 19 меча, а најзаслужен за тоа секако беше Леброн Џејмс.

„Кралот“ во победата на својот тим над Вашингтон од 106-99 учествуваше со нов „трипл-дабл“, негов трет во низа. Леброн запиша скор од 20 поени, 15 асистенции и 12 украдени топки, а голема помош доби од Кевин Лав кој со 25 поени беше најпрецизен во редовите на Кливленд. Кај поразената екипа се истакна Бредли Бил со 27 поени.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


На останатите натпревари Индијана беше подобра од Бруклин (109:97), додека Детроит славеше против Орландо со резултат од 114:110. Торонто Рапторс го совладаа Сакраменто Кингс со резултат од 108:93.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…