Кошаркарите на Бостон Селтикс се поблиску до големото финале во НБА лигата, откако ноќеска го добија и вториот натпревар од финалната серија во Источната конференција.
Леброн Џејмс одигра уште еден епски натпревар, кој го заврши со 22. „трипл-дабл“ во плеј-оф кариерата. „Кралот“ постигна 42 поени, 12 асистенции и 10 скока, но тоа не беше доволно Кливленд да направи брејк.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Браун со 23 поени беше најдобар поединец во редовите на Бостон, Роузир реализираше 18 поени, Хофрд постигна 15 поени, а двоцифрени беа уште тројца кошаркари: Маркус Морис (12 поени), Смарт (11 поени), Тејтум (11 поени).
Следниот меч се игра во Охајо, а Кливленд ќе се обиде да ја израмни серијата пред своите гледачи.