Леброн Џејмс ова лето одлучи да ја промени средината и за негова нова дестинација го избра тимот на ЛА Лејкерси.
„Кралот“ вчера на припремниот натпревар против Денвер Наџентс за прв пат се појави на паркетот во новиот дрес.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Најдобриот кошаркар на денешницата на оваа средба одигра петнаесетина минути и запиша девет поени, три скока и исто толку асистенции, додека Лејкерси запишаа пораз од 107:124.
Сан Диего, каде што се одигра натпреварот е одалечен околу 200 километри, па Леброн во својот дом одлучи да се врати со хеликоптер.