Екипата на Јувентус покажа зошто оваа сезона игра во финалето од Лигата на шампионите, Лацио иако во добра форма сепак беше немоќен пред „бјанконерите“.
Тимот на Масимилијано Алегри стигна до првиот трофеј оваа сезона од можните три. Дани Алвеш игра како во најдобрите денови откако го сруши Монако, сега погоди и против Лацио во 12 минута. Само неколку минути после голот на Алвеш, Гонзало Игуаин, имаше одлична можност, но не успеа да погоди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа му успеа на Бонучи во 25 минутa. Одбраната на Лацио не реагираше добро после изведениот корнер, па Бонучи непречен од никого лесно ја спровде топката во мрежата и го најави победникот.
Лацио до крајот се обидуваше имаше и неколку навистина одлични шанси, но сепак не успеа да погоди.
За Јувентус ова е трет трофеј по ред во италијанскиот.