Фудбалерите на Камерун ја освоија петтата титула, прва уште од 2002 година, на Африканскиот куп, откако во финалето, со пресврт, славеа над Египет со 2:1.
Камерун на Африканскиот куп допатува без деветмина репрезентативци, кои го одбија повикот на селекторот Хуго Брос, но и покрај тоа успеаја да ја освоијат титулата, петта во историјата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Египет остана најторфејнаа африканска селекција со седум трофеи, а нивниот селектор Хектор Раул Купер, го загуби и третото големо финале во кариерата. На почетокот на оовј век Купер како тренер на Валенсија загуби две финалиња во Лигата на шампионите.
Натпреварот на стадионот во главниот град на Габон, Либервил, со гол го отвори играчот на Арсенал, Ел Нени во 25-та минута, по додавањето на Мохамед Салах.
Егиепет предноста ја чуваше до 60-та минута, кога израмни Никулу. По израмнувањето двете репрезентации играа претпазливо и кога сите очекуваа дека ќе се играат продолженија, Абубакар во претпоследната минута постигна брилијантен гол за триумф на Камерун.