Дома Фудбал Италија Видео: „Волчицата“ го освои Неапол!

Видео: „Волчицата“ го освои Неапол!

Екипта на Рома оствари голема победа на гостувањето во Неапол и му фрли ракавица на Јувентус во борбата за титулата.

Од самиот почеток дуелот доби високо темпо, со по неколку шанси за гол на двете страни, но и двете екипи имаа проблеми во завршницата. Така беше се до 43 минута, кога Един Џеко го искористи прекрасното додавање на Мохамед Салах по грешката на Кулибали и донесе водство од 0-1 за Рома.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во 54 минута, Џеко одново го матираше голманот на Наполи. По една нафрлена топка од прекин, Босанецот само се поклони на подалечната статива за водство на Рома од 0-2.

Пет минути подоцна Кулибали намали на 1-2 и ја врати надежта кај домаќините за добар резултат. Сепак, Салах во 85 минута по една брза контра ги реши сите дилеми и ги постави конечните 1-3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Млада ѕвезда на Јунајтед сака да го напушти Олд Трафорд веќе во јануари

Како што пишуваат англиските медиуми, Џошуа Зиркзе ќе побара трансфер од Манчестер Јунајте…