Дома Останати Кошарка Видео: Вестбрук пишува нова историја во НБА!

Видео: Вестбрук пишува нова историја во НБА!

Расел Вестбук еден од најдобрите играчи на денешницата, продолжи да руши рекорди во НБА лигата. Тој против Филаделфија го забележа 35-от трипл-дабл во сезоната, кој ќе добие посебно место во НБА историјата.

Оклахома ја совлада Филаделфија 122:97, Вестбрук забележа трипл-дабл, нешто што е вообичаено за него оваа сезона, но овој негов учинок влезе во НБА историјата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, Вестбрук, дојде до двоцифрен учинок во три статистички категории без промашување, ги погоди шестте удари за два поени и ги реализира сите шест слободни фрлања. Мечот го заврши со 18 поени, 11 скокови и 14 асистенции.

Резултати:
Чикаго – Детроит 117:95
Денвер – Кливленд 126:113
Орландо – Шарлот 102:109
Бостон – Индијана 109:100
Оклахома – Филаделфија 104:100
Скраменто – Милвоки 98:116м
Јута – Њујорк 108:101

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нов голем трејд во НБА лигата, Порзингис заврши кај Кари!

Последните денови пред крајот на преодниот период во НБА секогаш носат драматични трансфер…