Кошаркарите на Оклахома славеа против Далас со 127-120 во уште едно доминантно издание на Расел Вестбрук. Синоќа победи забележаа уште и Индијана, Јута и Денвер.
Бекот на Оклахома, Расел Вестбрук, не постигна трипл дабл, но со доминантна партија го предводеше тимот до победа над Далас 109:98.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој натпреварот го заврши со 45 поени (16/29), осум скокови и три асистенции, а солиден учинок имаа и Виктор Оладипо со 17 односно Стивен Адамс со 15 поени. На спротивната страна најефикасен беше Херисон Барнс со 31 поен.
Денвер го победи Феникс со 127-120, а Србинот Никола Јокиќ со 29 поени и 14 скокови одигра уште една неверојатна партија.
Индијана славеше на теренот на Минесота со 103-109, а прво име на средбата беше Карл Ентони Таунс со 33 поени и 10 скокови.