Дома Фудбал Англија Видео: Ваков Лукаку му е потребен на Јунајтед, „ѓаволите“ во 1/4 финалето од ФА купот

Видео: Ваков Лукаку му е потребен на Јунајтед, „ѓаволите“ во 1/4 финалето од ФА купот

Ромелу Лукаку изгледа дека конечно влегува во посакуваната форма.

Манчестер Јунајтед денес предводен од Белгиецот обезбеди пласман во ¼ финалето од ФА купот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


И во двата денешни погодоци на Лукаку до израз дојде неговата сила. Како и при првиот погодок, така и во вториот Лукаку претрча многу пред да ја спроведе топката во мрежата.

За Лукаку ова беше 21 гол оваа сеозна, додека во ФА купот постигна четири погодоци на три натпревари. Погодуваше против Дерби и Јеовил.

Лукаку со сигурно влегува во добра форма. За тоа говори и податокот дека постигна шест погодоци на последните седум натпревари, а круна на неговата добра форма може да биде натпреварот против Севиља во Лигата на шампионите, како и дербито во Премиер лигата против Челси.

Во финишот од првото полувреме на Хуан Мата му беше поништен чист погодок, за да биде поинтересно погреши ВАР. Оваа ситуација можете да ја погледнете ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Синго е една од опциите на Милан за замена на Тео Ернандес

Десниот бек на Монако, Вилфрид Синго, е предложен на Милан. Италијанскиот клуб, кој нема д…