Дома Останати (Видео) Боксерскиот свет во ШОК: Ова е целосно „ЃУБРЕ“ и причина зошто повеќе никој НЕ гледа бокс!

(Видео) Боксерскиот свет во ШОК: Ова е целосно „ЃУБРЕ“ и причина зошто повеќе никој НЕ гледа бокс!

Неодлучениот исход од борбата помеѓу Саул Канел Алварез и Генеди Головкин кој се одржа во Лас Вегас ја шокираше боречката заедница.

Трите судии зад рингот целосно различно го бодуваа натпреварот што доведе до контроверзии во конечната одлука, но јавноста најмногу за зачудува судиската картица според која Мексиканецот го добил мечот со 118:110 (10:2 во рунди).


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Ова се и некои од реакциите на Твитер од светот на ММА и боксот.

Мани Пакјао: Дали овие судии беа доведени од Австралија?

Пол Малигнаги: 118-110? Кој к**?

Сад Авад: Еве зошто никој повеќе не гледа бокс! 118-110??? Головкин го доби тој меч!

Бен Аскрен: Може ли ваква одлука да се сфати озбилно?

Иак Мек Кал: 118:110??? Тоа е проблемот со боксот. Целосно ЃУБРЕ!

Чес Шерман: Боксот е е**** наместен!

Реномираниот боксерски аналитичар, Теди Атлас, исто така беше без „влакна на јазикот“ и тоа во програма која се емитуваше во живо. Исфрустриран од ваквите ситуации, ја критикуваше ситуацијата во денешниот бокс.

„Ова што го видовме е внатршена корупција на боксот. Едносавно е, следете ги парите и се ќе ви биде јасно. Eден борец денес беше одличен, додека другиот не се покажа во најдобро светло. Головкин беше оној кој беше одличен, но во боксот изгледа повеќе не победува оној кој бил подобар. Боксот не го наградува она што треба да се наградува. Боксот ги наградува парите, контролата и моќта“, објаснуваше Атлас.

Атлас ги прифати и коментарите дека Канело Алварез во секој меч влегувува со одредена предност, бидејќи е највредниот „експонант“ на „Golden boy“, промотерската куќа која беше и главен организатор на овој меч.

„Канело беше добар во одредени моменти, но тоа не беше доволно за да победи. Во поголемиот дел изгледаше како борба во која се обидува да преживее, а на крајот и успеа. Боксот на овој начин многу ќе изгуби. Луѓето ќе престанат да го сакаат, бидејќи ќе се запрашаат како да сакаат нешто кое не им ја возвраќа љубовта, туку им носи ваква горчина. На луѓето веќе им е доста од она во што боксот се претвори, ситуацијата каде што боксерот од поголемиот промотер автоматски има предност во самиот старт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …