Дома Останати Кошарка НБА Видео: Блескава партија на „Кралот“, Харден броеше до 48

Видео: Блескава партија на „Кралот“, Харден броеше до 48

Фантастичната партија на Леброн Џејмс против Филаделфија и 48-те поени на Харден против Портланд ја одбележаа ноќта во НБА лигата.

Актуелниот вицешампион на свој терен го порази тимот на Филаделфија со 105-98, а „Кралот“ имаше нова блеската партија со трипл-дабл. Уфрли 30 поени, зачинети со 13 асистенции и исто толку скокови. Кај поразената екипа, Ридик и Ковингтон со по 19 поени беа најпрецизни.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хјустон го победи Портланд со 124-117 благодаение на пресвртот кој го направи во последната четвртина. Харден имаше блескава ноќ и еден од најефикасните натпревари во својата кариера. „Брадата“ постигна 48 поени и осум скока, а му помогна Крис Пол со 25 поени и седум асистенции. Одличен беше и Демијан Лилард кај домаќините, но неговите 35 поени не бе наградени со победа.

Резултати:
Бруклин – Мајами 89:101
Шарлот – ЛА Лејкерс 99:110
Атланта – Орландо 117:110
Чикаго – Њујорк 104:102
Кливленд – Филаделфија 105:98
Милвоки – Јута 117:100
Мемфис – Оклахома 101:102
Феникс – Сан Антонио 101:104
Портланд – Хјустон 117:124

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Проблем за Далас, се повреди Дончиќ

Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ се здоби со повреда на зглобот на десната рака, објавија та…