Најголемата грешка во историјата на НБА лигата е опис кој Дарко Миличиќ ќе го следи се додека некој не направи поголема грешка од таа на Детроит во 2003 година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тогаш српскиот кошаркар на НБА драфтот беше избран веднаш позади Леброн Џејмс, еден од најдобрите во историјата, а пред великани како што се Кармело Ентони, Крис Бош или Двејн Вејд.
Денес е Миличиќ пензиониран кошаркар, а повторно го привлече медиумското внимание синоќа откако камерите го уловија како ги води навивачите на Црвена Звезда, популарните „Делии“ на мечот против Арсенал во Лондон.
Миличиќ е голем фан на белградскиот клуб, а и порано беше чест гостин на „Маракана“ и „Пионир“. Неговата желба беше да ја заврши кариерата во Црвена Звезда, но тврди дека не сакал да потпише за саканиот клуб за да не ги разочара „Делиите“.