Дома Фудбал Видео: Бензема се разбуди со две асистенции и гол, Роналдо двоен стрелец, погоди и Бејл – Реал убедлив!

Видео: Бензема се разбуди со две асистенции и гол, Роналдо двоен стрелец, погоди и Бејл – Реал убедлив!

Реал Мадрид денес запиша победа од 4:0 против тимот на Алавеш во рамките од 25 коло во шпанското првенство.

Очекувано, Реал Мадрид беше фаворит во овој натпревар. Но за првиот гол во мрежата на гостите се чекаше до финишот од првото полувреме. Карим Бензема успеа да се снајде на шеснаесетникот и со пета да го проигра Роналдо кој успеа да ја затресе провитничката мрежа.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На самиот старт од вториот дел, фудбалерите на Реал Мадрид украдоа топка на средината од теренот и огранизираа одлична контра. Карим Бензема повторно беше во улога на асистент, а овој пат егзекутор беше Герет Бејл.

Во 61 минута Кристиано Роналдо го искористи одличното додавање од Лукас Васкез и успеа да го постигне својот втор погодок на натпреварот за водство од 3:0. Конечните 4:0 ги постави Бензема со голот од пенал на една минута пред крајот на средбата.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вознемирувачка фотографија: Погледнете како изгледа тешко повредениот голман во хаосот во Бразил

Финалето на регионалното првенство Минеиро меѓу бразилските гиганти Крузеиро и Атлетико (1…