Дома Фудбал ВИДЕО Белингем се приближи до грбот на Атлетико и со потегот ги воодушеви навивачите на големиот ривал

ВИДЕО Белингем се приближи до грбот на Атлетико и со потегот ги воодушеви навивачите на големиот ривал

Реал Мадрид загуби со 3:1 од градскиот ривал Атлетико во шестото коло од шпанскиот шампионат.

Алваро Мората постигна два гола, а Антоан Гризман постигна еден гол и со тоа Реал го претрпе првиот пораз сезонава. Тони Крос беше единствениот стрелец за тимот на тренерот Карло Анчелоти.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Младата ѕвезда на Реал, Џуд Белингем ги воодушеви навивачите на Атлетико. Англискиот играч за врска, кој летово пристигна од Борусија Дортмунд за 103 милиони евра, на патот кон соблекувалната наиде на грбот на Атлетико насликан на теренот.

Кога сфатил дека може да го прегази, нагло скршна и помина покрај него. Навивачите на социјалните мрежи истакнаа дека со тоа покажал почит кон Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

СЕНЗАЦИОНАЛНО: Пеп Гвардиола од летово ќе оди во Италија?!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, од…