Дома Фудбал (Видео) Барди погоди во градското дерби, Леванте и Валенсија ремизираа

(Видео) Барди погоди во градското дерби, Леванте и Валенсија ремизираа

Со почеток од 13:00 часот во Шпанија се одигра градското дерби помеѓу Леванте и Валенсија кое заврши без победник 1:1, а стрелец на голот за тимот на Леванте беше Македонецот Енис Барди.

После ова реми и двата тима од Валенсија остануваа непоразени после четири натпревари во Примера. Валенсија поведе преку Родриго во 31 минута од средбата, за Барди со одличен погодок десет минути подоцна да изедначи на 1:1.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


На крајот овој резултат се покажа и како конечен. После четвртото коло Леванте и Валенсија се наоѓаат на петото и шестото место со идентичен баланс од една победа и три нерешени средби.

Во следното коло Барди со Леванте на свој терен ќе игра против Реал Сосиедад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жоао Педро: Има само 17 години, а брани пенали со леснотија

Младиот голман на Сантос, Жоао Педро, блеска на голот на Бразил на Светското првенство за …