Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Атлетико немаше решение за „Супермен“, историски пресврт на Јувентус!

Видео: Атлетико немаше решение за „Супермен“, историски пресврт на Јувентус!

Тимот на Јувентус направи историски пресврт против Атлетико Мадрид и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони, иако во првиот меч загуби со 2:0.

Херој за „бјанконерите“ беше Кристиано Роналдо кој постигна хет-трик и покажа дека е човек за големи натпревари.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


„Старата дама“ жестоко ги нападна „јорганџиите“ уште од првата минута, а Кристиано Роналдо беше едноставно незапирлив.

Во 27-та минута одбраната на Атлетико немаше решение на небесниот скок на Роналдо, кој го искористи одличниот центаршут на Бернардески и го донесе Јувентус во водство од 1:0. До крајот на првото полувреме „бјанконерите“ создадоа уште неколку шанси но не успеаа да постигнат гол.

Второто полувреме започна во ист ритам, а Роналдо уште еднаш беше највисок во петерецот и го принуди Облак од зад гол линијата да ја извади топката.

Потоа Алегри фрли се на една карта и во игра ги стави Дибала и Моис Кин, а тоа му се исплатеше. Во 85-та минута Кореа го фаулира Бернардески во шеснаесетникот, а Роналдо беше сигурен од белата точка за конечни 3:0 и пласман во четвртфиналето.

На другиот натпревар кој се играше на „Етихад“ немаше никаква неизвесност. Манчестер Сити до врв ја наполни мрежата на Шалке и победи со 7:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фотографијата руши рекоди: Меси го држи во раце 6-месечниот Јамал📷

Ламин Јамал со 16 години ги собори сите рекорди со Шпанија на Европското првенство и покаж…