Бразил се искачи на првото место во квалификациската група, во јужноамериканската зона за пласман на Светското првенство, откако го искористи кискот на Аргентина.
Репрезентацијата на Бразил, без Нејмар, забележа победа во Венецуела 2-0. Габриел Жесус во осмата и Вилијан во 53-та минута без стрелци за Бразил.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Аргентина без Меси не знае да победи, во Кордоба Парагвај приреди вистинско изненадување со минималната победа 0-1. Дерлис Гонсалес во 18-та минута го постигна единствениот гол на натпреварот. Најголемата шанса за Аргентина ја имаше Серхио Агуеро, кој на почетокот од вториот дел промаши пенал.
Дербито помеѓу Колумбија и Уругвај заврши без победник 2-2. Агилар донесе предност за Колумбија, потоа Кике Родригез и Луис Суарез постигнаа два гола за пресврт на Уругвај, а конечниот резултат го постави Мина на шест минути до крајот на натпреварот.