Дома Македонски спорт Мак фудбал Видарсон: Доаѓаме во Скопје да ја расипеме забавата

Видарсон: Доаѓаме во Скопје да ја расипеме забавата

Селекторот на исландската фудбалска репрезентација, Арнар Видарсон вели дека има свои мотиви на мечот со Македонија.

Исланд ни направи „услуга“ откако не загуби во претходното коло против Романија во Букурешт играјќи без голови, а сега вели дека ќе се обиде да ја расипре прославата во Скопје.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Сакаме во добра атмосфера да ги завршиме овие квалификации. Како и на сите досегашни натпревари, и на утрешниот против Македонија одиме на победа. По натпреварот може со било кој да одам да пијам пиво, но претходно ќе се обидеме да ви ја саботираме прославата“, истакна Видарсон.

„Импресионирани сме од играта на Македонија по ЕП, но ние сме професионалци и ќе се обидеме да одиграме на врвно ниво. Македонија има свои квалитети но и слабости кои ќе се обидеме да ги искористиме. Се надевам на позитивен резултат“, додаде селекторот на Исланд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…