Артуро Видал ова лето сигурно ќе ја напушти Барселона бидејќи не е во плановите на новиот тренер Роналд Куман.
Најсилен интерес за неговиот потпис покажува милански Интер, па големи се шансите Видал да се врати во Серија А и повторно да соработува со Конте.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека агентот на Видал веќе постигнал договор со „нероаѕурите“, кои сега очекуваат играчот да се ослободи од Барселона бесплатно. Чилеанецот има договор до 2021 година, но сака спогодбено да го раскине.
Во две сезони во дресот на Каталонците, тој одигра 96 натпревари, постигнувајќи 11 голови и 10 асистенции.