Чилеанецот Артуро Видал кој ги брани боите на Баерн Минхен најави повлекување од репрезентацијата после поразот од Парагвај во квалификациите за Светското првенство.
Видал „успеа“ да си постигне неверојатен автогол во поразот од Парагвај по кој беше мета на големи критики, а токму тие критики беа причина фудбалерот преку својот Инстаграм профил да најави повлекување од репрезентацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сега, секоја лоша вибрација во земјата може биде среќна. Не се грижете, нема да потрае уште долго, наскоро заминувам“, напиша Видал на својот Инстаграм профил.
Видал за репрезентацијата на Чиле одигра 96 натпревари и постигна 23 погодоци, покрај тоа беше и еден од најзаслужните за триумфот на оваа репрезентација на Копа Америка во 2015 и 2016 година.