Дома Фудбал Видал го избра бројот во Барса, еве кој ќе ја носи „осумката“!

Видал го избра бројот во Барса, еве кој ќе ја носи „осумката“!

Најновото засилување на Барселона, Артуро Видал избра со кој број ќе настапува во каталонскиот клуб.

Чилеанецот немаше можност да го избере својот омилен „23“, бидејќи тој е во сопственост на Самуел Умтити, па поради тоа го избра бројот „22“, кој минатата сезона го носеше Алеиш Видал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Останатите нови засилувања исто така ги избраа своите броеви. Бразилецот Артур ќе го наследни Иниеста со бројот „8“, додека Малком на грброт ќе го носи бројот „7“.

Францускиот дефанзивец Клемен Ленгле пак ќе го носи дресот со број „15“, кој минатата сезона го носеше Паулињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Касемиро како никој да не го сака – се јавил само еден клуб!

Зимскиот трансфер период за 2026 година веќе заврши, а клубовите се активно подготвуваат з…