Како и што беше веќе најавено, Тајсон Фјури ќе ја активира клазулата од договорот пред борбата за реванш со Олександар Усик. Реваншот би требало да се случи некаде кон крајот на оваа година.
Но, промотерот Боб Арум откри дека Фјури ќе се бори со Усик и сака да се одмазди за поразот, а потоа неговиот план е да влезе во рингот со Ентони Џошуа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фјури со поразот ја загуби ВБЦ титулата, додека Усик стана апсолутен шампион. Од друга страна Фјури и Џошуа никогаш не успеаа да договорот борба и таа би требало да ја гледаме во текот на 2025 година.