Дома Трансфер зона Веќе видено: Јувентус ја купува ѕвездата на Наполи

Веќе видено: Јувентус ја купува ѕвездата на Наполи

Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик ова лето најверојатно ќе ја промени средината, а може да ја продолжи кариерата во големиот ривал Јувентус, пренесува „Тутоспорт“.

Милик ова лето влегува во послесната година од договорот, па Наполи ќе мора да го продаде, а Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Тренерот на „бјанконерите“ Маурицио Сари одлично го познава Милик и смета дека одлично би се вклопил во триото со Роналдо и Дибала во нападот.

Оваа сезона Милик одигра 16 меча за Наполи на кои постигна 9 гола во Серија А, а Наполи за неговиот потпис бара помеѓу 30 и 40 милиони евра.

Покрај Јувентус силен интерес за напаѓачот покажуваат уште Атлетико Мадрид и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…