Челзи и Атлетико вечерва го играат натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите.
„Сините“ водат со 1:0 и се пред пласман во четвртфиналето бидејќи во првиот натпревар победија со истиот резултат. Диего Симеоне после еден час игра го замени Луис Суарез.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
И самиот Уругваец беше изненаден кога го виде своето име на семафорот, па незадоволен го напушти теренот.
Со овој натпревар вечерва продолжи кошмарот на Суарез на гостинските натпревари во Лигата на шампионите.
Имено, Суарез е без гол на 25 натпревари на кој неговиот тим гостувал во најелитното европско натпреварување.