Дома Фудбал Лига на шампиони Вечер без изненадувања: Баерн и Челзи го потврдија пласманот во четвртфиналето

Вечер без изненадувања: Баерн и Челзи го потврдија пласманот во четвртфиналето

Вечерва се играа нови реванши од 1/8 финалето во Лигата на шампионите и во нив не видовме изненадување.

Баерн Минхен после победата во Рим од 4:1 и вечерва го доби Лацио, овој пат со 2:1 Баварците. До водство Баерн стигна преку Роберт Левандовски кој погоди во 33. минута. Во вториот дел Чупо Мотинг влезе во игра на местото полскиот голгетер во 71. минута и само две минути подоцна се запиша во листата на стрелци. Конечните 2:1 ги постави Марко Пароло во 82. минута.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На вториот натпревар кој го играа Челзи и Атлетико Мадрид. Челзи славеше против „јорганџиите“ со 2:0. Гледавме натпревар без многу шанси и тоа им одговараше на Англичаните. Двата гола дојдоа после контри. Во првото полувреме Зијеш го матираше Облак по асистенцијата од Вернер, а во последните моменти од натпреварот Емерсон погоди со првиот допир со топката. Треба да се спомене и дека Стефан Савиќ во финишот од натпреварот заработи црвен картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…