Поранешниот репрезентативец на Англија Џермејн Дефо во последниот ден од преодниот рок се врати во редовите на Сандерленд.
39-годишниот напаѓач ќе се обиде да му помогне на својот поранешен клуб во борбата за промоција во Чемпионшип. Дефо си замина од Ренџерс, па во овој преоден рок беше слободен агент. Ветеранот не се реши да ја заврши кариерата и ја прифати понудата од клубот каде што играше од 2015 до 2017 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во тој период Сандерленд беше премиерлигаш и Дефо за овој клуб постигна 34 гола во најсилната англиска конкуренција. Низ кариерата Дефо играше за Тотенхем, Портсмунт, Бурнемоут, Вест Хем и Торонто од Канада.
Сандерленд после 29 кола во Лига 1 (трето по ранг натпреварување во Англија) е на третата позиција со реални шанси за промоција во Чемпионшип.