Maнчестер Јунајтед му ја одзема капитенската лента на Хари Мегваер кој наскоро веројатно ќе замине од клубот.
Мегваер пристигна како рекордно засилување за еден дефанзивец, но никако не успеа да се наметне и да ги оправда очекувањата. Во последната сезона констатно беше мета на критики поради големите киксеви во одбраната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интерес за дефанзивецот покажале неколку премиерлигаши, но Вест Хем изгледал како најсериозен кандидат. Навивачите на Јунајтед дефинитивно посакуваат заминување на Мегваер, па затоа за нив оваа вест е добредојдена.
Кариерата Мегваер ја започна во Шефилд Јунајтед, а беше дел уште од Хал Сити и Лестер. Во 2019 година Манчестер Јунајтед го направи најскапо платениот стопер во историјата.