На спортските терени ширум земјава е испишана хуманата трага на компанијата Mozzart.
Редовно пристигнува поддршка за организација на манифестации и турнири во различни дисциплини, а со помош на лидерот во приредување игри на среќа, во Охрид се одржаа Синдикалните спортски игри на Македонскиот полициски синдикат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„ Голема благодарност до Mozzart, општествено одговорна компанија која и годинава несебично ни помогна во организацијата на синдикалните игри. Се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина”, истакна Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев.
Повеќе од 240 натпреварувачи од сите делови на Македонија, гости од цела Европа и претставници од највисокиот врв на МВР, присуствуваа на 21. Синдикални спортски игри во градот на брегот на Охридското езеро.
„Нашата компанија е секогаш тука за помогне и да го поддржи развојот на спортот, како и другите важни општествени области. Веќе неколку години по ред негуваме соработка со Македонскиот полициски синдикат и ни беше задоволство да бидеме дел од оваа успешна меѓународна манифестација со децениска традиција”, истакна Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart. Лидерот во приредување игри на среќа, изминатиов период поддршка даде и на синдикатите на УЈП, ПИОМ и НСП, па нема дилема дека името на компанијата Mozzart останува високо позиционирано на табелата на хуманоста