Италијанскиот репрезентативец Марко Верати сака ова лето да го напушти Пари Сент Жермен и да го облече дресот на каталонскиот гигант Барселона.
Италијанскиот плејмејкер моментално е на одмор, а во изјава за „Мундо Депортиво“ ја потврди својата решеност да дојде на „Камп Ноу“.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Доаѓам во Барселона сега или никогаш“, порача Верати.
Verratti: “El Barça, ahora o nunca”https://t.co/WTyzaJ1RJV pic.twitter.com/QVXlH2wvsh
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) June 14, 2017
Барселона наводно веќе има договор со агентот на Верати и е спремна да понуди 100 милиони евра за да го донесе на „Камп Ноу“.
Сепак, ПСЖ се противи и не сака по никоја цена да ја продаде својата ѕвезда, па останува да видиме како ќе се заврши оваа трансфер сага.