Овој податок кој пристигнува од Англија звучи навистина неверојатно…
Фудбалерот на Ливерпул кој оваа сезона пристигна на „Енфилд“ од редовите на Арсенал, Алекс Окслејд Чемберлејн, добива шанса за игра кај Клоп, но во седум натпревари знае само за една победа.
Тоа беше победата против Лестер од 2:3, а покрај таа победа, „црвените“ забележаа два порази и четири нерешени средби.
Од друга страна, на Арсенал му оди одлично откако овој фудбалер премина во Ливерпул. Екипата на Венгер игра се подобро и запишаа шест победи на седум натпревари
Нерешено одиграа само против Челзи, а покрај тој натпревар запишаа победи против Бурнемоут, Келн, Донкастер, ВБА, Бате Борисов и Брајтон.