Суперталентираниот француски напаѓач Килијан Мбапе неодамна стана втор најскап фудбалер во историјата и премина во редовите на ПСЖ.
Мбапе во овој момент настапува како позајмен фудбалер во редовите на богатиот француски клуб, но јасно е дека тоа е така само за клубот од Париз да избегне казна поради прекршување на правилата на финансискиот фер плеј. Како што е добро познати, „светците“ наредното лето на Монако ќе му исплатат сума од 180 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овие денови една од главните теми во фудбалска Европа е каде би завршил Мбапе доколку ПСЖ не се одлучеше да го доведе. Самиот, Мбапе, при претставувањето откри дека во текот на летото имал разговори со кој сега открива дека талентираниот фудбалер бил блиску до преселба на „Емирати“.
„Тој и оваа година беше блиску до трансфер во нашиот клуб, но можеби уште поблиску беше минатото лето бидејќи ова лето конкуренцијата беше огромна. Лично сметам дека дека 90% од играчите ја одредуваат својата судбина со изборот на вистинскиот или погрешниот тим. Останатите 10% можат да одат во било кој клуб и нема да погрешат, еден од нив е Мбапе“, изјави Венгер.